IF

Акција за поткастрување на дворното зеленило


Инспекциските служби во општина Гевгелија започнаа акција за поткастрување на дворното зеленило на станбените објекти, кои го попречуваат движењето на тротоарите и јавните површини.

Во последно време забележано е во повеќе дворни места дрвјата и зелените огради да се надвиснуваат на самите тротоари оневозможувајќи го движењето на пешаците, Исто така, целосно ги покриваат сообраќајните знаци и воопшто го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Затоа сите сопственици на овие дворни места од страна на инспекцијата ќе бидат известени во одреден рок сами да го поткастрат зеленилото. Доколку тоа не го направат, општината ќе организира поткастрување, а со фактурите за извршената работа ќе ги обврза граѓаните.

Извор:
Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …