Уапсен маж од Нов Дојран осомничен за силување на девојка


34-годишен маж од Нов Дојран е уапсен по сомнение дека силувал девојка.

Во текот на вчерашниот ден, на 20.11.2025 СВР Струмица- ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Нов Дојран.

Тој се сомничи дека на 20.11.2025 во атар на село во општина Дојран извршил обљуба врз 25- годишна девојка.

И.С. е лишен од слобода и изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор.

Извор: ГевгелијаНЕТ

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Гевгеличанец лани остварил приходи од 4,2 милиони евра

Гевгелија на врвот на мапата на богатите според официјални податоци на УЈП за 2025 година. …