Моторџија од Нов Дојран излетал од патот


Млад дојранчанец се здобил со телесни повреди во сообраќајна несреќа со својот мотор, а ОВР Гевгелија му подготвува КП според КЗ за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во извештајот за настанот во дневниот билтен на МВР е наведено дека:
– „На 11.12.2025 во 01:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на место викано „Калдрма“, Д.Б.(22) од Нов Дојран, управувaјќи мопед „Хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот“.

По преземени мерки во врска со незгодата е констатирано дека Д.Д. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија.

Извор:ГевгелијаНЕТ

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Гевгеличанец лани остварил приходи од 4,2 милиони евра

Гевгелија на врвот на мапата на богатите според официјални податоци на УЈП за 2025 година. …