Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија


Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната амбуланта Vethouse.

Настанот помина во пријатна празнична атмосфера, исполнета со дружење, насмевки и голем број четириножни посетители.
Сопствениците и нивните миленичиња имаа можност да уживаат во греано вино, топло кафе и музичка програма, што придонесе за создавање вистинско новогодишно расположение и чувство на заедништво меѓу присутните.

Ветровитото време не ги спречи љубителите на животните да присуствуваат и активно да учествуваат на настанот, покажувајќи дека љубовта кон миленичињата и желбата за заедничко дружење се посилни од временските услови.


Организаторите упатија благодарност до сите посетители, како и до спонзорите кои придонесоа за успешната реализација на настанот:
Медиумски покриени од gvglive.mk

Vethouse ветеринарна амбуланта,
Rigo impeks,
Bela grooming,
Hani Petshop,
Jumi cafe,
Dj Todoroff,
Коста Ампов,
Цвеќара Indigo,
Laki egzotik petshop,
Studio collage

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Гевгеличанец лани остварил приходи од 4,2 милиони евра

Гевгелија на врвот на мапата на богатите според официјални податоци на УЈП за 2025 година. …