Барањето за преземање на водоводот во Ново Конско


Советот на месната заедница во Ново Конско по расправата за проблемите околу водоснабдувањето побара ЈПКД„Комуналец“ во Гевгелија да го преземе стопанисувањето со водоснабдителниот систем во ова населено место.

Претседателот на месната заедница Зоран Ристов му го пренесе ова барање на градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, нагласувајќи дека со тоа всушшност ќе бидат разрешени повеќе проблеми. На средбата со претставниците на месната заедница Ново Конско, на која присуствуваше и директорката на ЈПКД„Комуналец“ Убавка Вегова, беше заклучено стручни лица да извршат увид и проценка на состојбата со водоснабдителниот систем во кој покрај водоводната пумпа и резервоарот и да предложат мерки за нивна санација.

По ова ќе биде започната и постапка за преземање на водоснабдителниот систем во Ново Конско од страна на јавното комунално претпријатие. Градоначалникот Франгов оствари средба и со претставниците на месната заедница во Милетково на која стана збор за актуелните комунални прашања во ова населено место.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …