„БЕЛА НОЌ“ и за угостителските објекти по повод денот на независноста


По повод прославата на Денот на независноста, покрај културните настани кои ќе бидат организирани во Гевгелија, во манифестацијата „Бела ноќ“ ќе се вклучат и угостителските објекти.

Имено, на сите угостителски објекти на 7 септември, во среда, ќе им биде продолжено работното вбреме за два часа.

Тоа значи дека прославата во Гевгелија, која започнува во 21 часот со „Рок симфонијата“ на Камерниот оркестар од Битола во Народниот театар и изложбата на фотографии за Кокино во Ликовната галерија „Амам“, ќе продолжи и по полноќ во угостителските објекти во Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …