Ученичката Викторија Тодорова од четврто одделение во ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија постигна голем успех на меѓународниот турнир „Математика без граници“, што се одржа во Несебар, Бугарија, освојувајќи го бронзениот медал.
Таа учествуваше во финалниот натпревар од натпреварот, кој се одржа од 30.06 до 1.07. 2018 година. На ова престижно натпреварување годинава учествуваа 1300 ученисници од 15 земји финалисти, и тоа, од Бугарија, Австралија, Азербејџан, Виетнам, Иран, Казахстан, Кина, Киргистан, Македонија, Малта, Русија, Романија, Турција, Узбекистан и Филипини.
Македонија, на овој турнир учествува по втор пат во финалето со 42 учесника. Инаку, „Математика без граници“ има есенски, зимски и пролетен круг на натпреварувања, додека финалниот турнир е во Несебар, Бугарија. Турнирот е наменет за ученици на возраст од 8 до 18 години, кои се поделени на девет возрасни групи.
Извор: Општина Гевгелија