Второто авиопрскање против комарци во општина Гевгелија ке се изврши утре, петок на 22.07.2016 година, во период од 04:30 часот до 09:30 часот доколку дозволат временските услови.
Доколку временските услови се лоши истото ке се изврши на 25.07.2016 година во исто време од 04:30 до О9:30 часот.
Затоа, се предупредуваат сите пчелари во овој период да ги заштитат своите сандаци со пчели. И ова авиопрскање, како и првото, се врши во рамките на Југоисточниот плански регион, на територијата на сите десет општини, како што беше договорено со фирмата Бони ЕР за авиопрскање. Претходно во општина Гевгелија беше извршено теренско прскање против ларви на комарци.
*Извор: Општина Гевгелија