Гевгелиската вода исправна за пиење


Присуството на опасниот хемиски елемент арсен во водата од гевгелискиот водовод не ја прави водата штетна по здравјето, изјави директорката на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, д-р Флорентина Шурбевска-Ристовска, која ги објави резултатите од испитувањата на квалитетот на водата. Таа на прес-конференцијата нагласи дека водата од градскиот водовод каква што е сега во Гевгелија може да се пие и не претставува никаква опасност по здравјето на граѓаните.

-Испитувањата на водата од Моинското бунарско подрачје покажаа дека присуството на арсенот не е фрапатно.  Имено, арсенот го нема чист во градскиот водовод, туку во форма на соединенија, петовалентен и тривалентен. Петвалентниот арсен е помалку токсичен и е присутен 99 отсто, а тривалентниот е токсичен и го има со еден отсто во водата за пиење од Гевгелија“, изјави директорката Шурбевска-Ристовска. Таа вели дека би било добро тривалентниот арсен да го нема воопшто, но затоа е потребно да се преземат мерки, кои не се во надлежност на Центарот. Според законот, во литар вода е дозволено присуство на 10 микрограми арсен, а во Гевгелија го има од 12 до 17 микрограма на литар арсен.

Бидејќи во Македонија нема овластена институција која може да го мери присуството на арсен, општина Гевгелија испрати примероци од водата за пиење во лабораторија на Институтот Мол од Стара Пазова, Војводина,  која е акредитирана за испитување на овој хемиски елемент и која утврдила дека над 90 проценти од арсенот во гевгелиската вода е петтовалентен и е 60 пати помалку токсичен и неканцероген во однос на тривалентниот

Во врска пак со шпекулациите за штетноста на водата за пиење и последиците врз здравјето на луѓето директорката Шурбевска-Ристовска потсети дека бројката на заболувања во Гевгелија покажувала пад на новопријавени болни од канцерогени заболувања. Овој тренд на опаѓање е присутен во Гевгелиско во последните три години.

*Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …