Пеачката хрупа на Здружението на пензионери од Гевгелија настапи на традиционалната манифестација „Пензионерите пеат“ во Кавадарци.
На оваа манифестација, што ја организира Здружението на пензионери од Кавадарци, околу 200 учесници од девет пензионерски здруженија од Повардарскиот и Пелагонскиот регион.
Освен пејачката група од здружението на пензионери од Гевгелија, на оваа манифестација настапија и пеачки групи од здруженијата од Битола, Прилеп, Велес, Неготино, Демир Капија, Богданци и Кавадарци. На манифестацијата која има ревијален карактер, традиционално се исполнуваат роднокрајни староградски и изворни македонски народни песни.
Ваквите средби се убава можност лицата од третото доба да се дружат, да си разменат искуства и да покажат дека и пензионерскиот живот може да биде убав и исполнет со музика.
Извор: Општина Гевгелија