Гевгелија денеска во светот на маските и шегата


И оваа година Пионерски дом од Гевгелија ја организираше традиционалната манифестација „Априлијада“, која се организира скоро две децении.

Манифестацијата се оддржа пред Народниот театар во Гевгелија. На истата учество зедоа над 1200 дечиња од Општина Гевгелија од основните училишта и детските градинки. За разлика од минатите априлијади се избираа најкреативните маски изработени од самите деца нормално со помош на родителите и наставниците, на ниво на одделенија, годинава  беа мобилизирани цели одделенија. Преку тимското работење на учениците со своите наставници и активирање на советите на  родители се изработија прекрасни групни маски и заеднички ќе се борат за освојување на првото место и наградата НАЈ МАСКА 2015. Жирито навистина ќе има тешка задача да ги избере најдобрите маски.Освен наградите кои ќе им бидат врачени во петок на свечености во училиштата, односно за освоено прво, второ и трето место, за најдобрата маска ќе биде обезбедено учество на карневалите кои се организираат во Македонија, како што е Струмичкиот и Прилепскиот карневал. Покровител на целата манифестација е Општина Гевгелија.Покровител на целата манифестација е Општина Гевгелија.Националната алианса на лицата со посебни потреби ја искорист априлијадата да го одбележи 2 април, светскиот ден на аутизам со тоа што ученици од основните училишта делеа флаери со знакот на поддршка на лицата со аутизам.

Автор на текст и слика: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …