Гевгелиската уметничка Гордана Хаџи – Николова учествуваше на четвртиот Интернационален скулпторски симпозиум во дрво што се одржа во градот Сондерборг во Данска. На овој собир учествуво зедоа 10 скулптори од целиот свет ( Кина ,Унгарија ,Литванија,Полска ,Аргентина ,Португалија ,Италија, Македонија ) кои во овој град престојуваа десет дена. Сите работеа на слободна тема.
Хаџи-Николова изработи скулптура на жена во дрво и ја наслови “Јовка” по песната Јовка кумановка од Вања Лазарова. Сите скулптури остануваат во сопственост на општината Сондерборг и ќе бидат поставени во јавни институции.