Заврши ликовната колонија „Аполонија 2016“


Во Гевгелија синоќа заврши со работа јубилејното 15-то издание на меѓународната ликовна колонија „Аполонија 2016“ во чија работа годинава учествуваа осум ликовни уметници од Србија, Бугарија, Македонија и за прв пат од Грција.

– Изминативе десет дена, на теми по сопствен избор, учесниците на колонијата изработија по две дела кои традиционално стануваат дел од богатиот фонд на ликовната колонија, информира Аце Ристовски, директор на фондацијата „Аполонија“.

Сите изработени дела, нагласи Ристовски, беа презентирани и на јавноста преку изложбата која беше отворена синоќа и ќе трае десетина дена. Под покровителство на општина Гевгелија, организатор на годинашнава сесија на гевгелиската ликовна колонија беше фондацијата „Аполонија“.

Добро осмислено и уште подобро реализирано дружењето на уметниците, секоја година резултира со изработка на нови уметнички дела, со што Аплонија фондацијата работи на вистинскиот начин за унапредување на културата и уметноста на овие простори.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …