Замена на старите со нови контејнери


Во Гевгелија во тек е акцијата за замена на дел од старите дотраени контејнери за комунален отпад со нови пластични контејнери. Имено, ЈПКД„Комуналец“ набави 84 нови контејнери со закупнина од 1,1 метар кубен за комунален отпад.

Контејнерите ќе бидат поставени во централното градско подрачје, како и во деловите од градот каде што контејнерите се пропаднати. Лимените контејнери кои се во употреблива состојба ќе бидат поставени во населените места.

Инаку, во тек е тендерската постапка што ја покрена ЈПКД„Комуналец“ за набавка на нови канти за отпадоци. Предвидено е сите дотраени канти за отпадоци во централното градско подрачје да бидат заменети со нови, а новонабавените канти за отпадоци ќе бидат поставени и на одделни поголеми сообраќајници и јавни површини во градот. Реализацијата на проектот ќе започне по завршувањето на тендерската постапка за десеттина дена и изборот на најповолен изведувач на канти за отпадоци.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …