Во посета на Гевгелија денес престојуваше заменик амбасадорот на Велика Британија во Македонија г-дин Пол Едвардс.
Градоначалникот Иван Франгов го информираше за проблемите кои настанаа за општина Гевгелија и нејзиното население предизвикани од бегалската криза и присуството на голем број имигранти на просторот околу железничката и автобуска станица како и во просторот околу нив. Стана збор и за начинот на нивно решавање со помош на Министерството за труд и социјала, УНХЦР, како и претставниците на ЕУ во земјата.
Градоначалникот Франгов ги изложи мерките на амбасадорот Едвардс доставени од Локалниот совет за превенција на општина Гевгелија до Републичкото координативното тело за справување со бегалската криза. Во нив како најургентно се бара издавањето на дозволи за бегалците и нивно евидентирање да се одвива на прифатен бункт кој би бил сместен на 600 метри до граничната линија меѓу Македонија и Грција. По разговорите градоначалникот Франгов и заменик амбасадорот Едвардс ја посетија железничката станица каде секојдневно престојуваат помеѓу 500 и 1000 бегалци.