Изложба во Париз на Гордана Хаџи-Николова


Во Париз, речиси месец дена, престојува гевгелиската уметница Гордана Хаџи-Николова Малашев.

Причина за нејзиниот престој е изложбата, која беше отворена на 23 октомври 2017 година, насловена како „Засекогаш заедно„. Министерството за култура на Република Македонија го финансираше овој проект на Хаџи-Николова, која при престојот во International City of the Arts, создаде дела кои ќе бидат изложени во овој уметнички простор до 30 октомври, оваа година. Сенката и играта, се во фокусот на интересот на Хаџи-Николова во нејзините најнови дела.

Светлото и сенката, го прават нашиот свет кој не опкружува видлив, стои во рецензијата на оваа изложба. Без нив, видливиот свет би бил мртов,исто и нашата имагинација, нашата креативност и потребата за уметничко изразување. Светлото ја претставува животната енергија на светот, а сенката го пречкртнува светлото или животот.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …