Земјотрес го стресе југот на Македонија со интензитет од 4 степени според европската макросеизмичка скала вечерва во 20, 37 часот. Епицентарот бил во близина на Воден, 35 километри југозападно од Гевгелија на територијата на соседна Грција. Земјотресот бил почуствуван од жителите во јужниот дел на Македонија.
Моментално се уште нема официјална потврда од македонската Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.