Претставници од младинскиот клуб БУМ (Бран Успешна Младина) – Гевгелија учествуваа на тридневен ЕУ Викенд во хотел Белведере – Охрид во периодот од 03 до 05 април 2015 година заедно со млади од други 11 градови од Македонија.
Младите имаа можност да се стекнат со знаеања за потеклото и историјата на Европска Унија, за функционирањето на ЕУ и државите-членки на ЕУ, за институциитте и политиките на ЕУ, за проширувањето на ЕУ, за преговорите и критериумите на Македонија за членство во ЕУ. Младите беа дел од симулација на Евопскиот совет за прием на Турција во ЕУ и дебатираа за истото.