За 2014 година може да се каже дека беше релативно добра година од енергетски аспект, поради тоа што немаше изразито студена зима, а исто така немаше жешко лето, односно високи температури во летниот период.
Ова делумно придонесе за намалување на трошоците на енергија за затоплување и ладење на објектите со кои располага општина Гевгелија, беше речено на последната седница на Советот на општина Гевгелија, при разгледувањетоп на Годишниот план за енергетска ефикасност. Притоа, беше наглчасено дека голем придонес дадоа и мерките за енергетска ефикасност кај објектите во кои што беа истите применети.
Во 2014 година, потрошувачката на електрична енергија изнесувала 504 898 KWh додека на нафта 151 828 литри, а за споредба во 2013 година изнесувале 512 790 KWh односно 206 509 литри нафта. Евидентен е трендот на намалување на трошоците за енергија во оние објекти каде се примениле мерки за енергетска ефикасност.
Најизразен е примерот во СОУ Јосиф Јосифовски, каде што во 2014 година се потрошени 24 326 литри нафта, а за споредба – во 2013 биле потрошени 39 748 литри. Генерално, во сите училишта има намалување на потрошувачката на екстра лесно масло за греење (нафта) додека потрошувачката на електрична енергија останува приближно иста, со многу мал тренд на намалување.