Десетата по ред Смоквијада годинава ќе се одржи во Гевгелија на 20 и 21 август 2016 година.
По традиција во саботата ќе се одвива натпреварот за приготвување на најдоброто слатко од зрели смокви во овој регион. Додека пак неделата е резервирана за презентација на најдобрите слатка и доделување на наградите.
Се разбира, на традиционалната завршна приредба Смоквијада 2016 година, која и годинава ќе се случи на шеталиштето во центарот на градот.
На отворената сцена, со почеток од 19 часот, ќе продефилираат легендарната група ЗИЈАН, познатиот гевгелиски романтичар ВАСИЛ АНГОВ, АНЕТА РИСТОВА и многу други пеачи. Во фолклорниот дел од приредбата ќе настапат ансамблот Бојмија од Гевгелија и КУД Севдах од Врање.
Извор: Општина Гевгелија