’' †

Нови водоводни линии во новите станбени населби


Општина Гевгелија ќе распише јавен повик за изградба на нови водоводни линии во станбените населби Караорман, Мрзенски рид и поранешната Касарна.

На тој начин ќе им се овозможи на новите инвеститори, кои веќе купиле градежни парцели за куќи во овие станбени населби, полесен придо до водоводниот приклучок.

 При последното јавно наддавање во општина Гевгелија беа оттуѓени  15 градежни парцели во овие станбени населби. Меѓутоа, и натаму постои интерес за парцели во овие станбени населби.

Оттука и настојувањата во општината да се обезбедат потребните комунални предуслови за изградба на новите станбени објекти.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …