Во рамките на акцијата на Македонски шуми за засадување на 1000 палми во градовите во Република Македонија, во Општина Гевгелија улиците и булеварите ќе ги красат 150 нови палми.
Палмите веќе се овде и првите садници се насадени покрај улицата Борис Кидрич. Засадување ќе се врши и на други локации во градот, како што се центарот и поголемите сообраќајници. Со оваа акција, Општина Гевгелија покрај веќе украсената сообраќајница со палми (булеварот на влезот од градот) ќе добие уште една влезна сообраќајница украсена со палми. Акцијата на засадување ја вршат вработените во ЈПКД „Комуналец“ – Гевгелија.
*Сликите се превземени од: FB страната на градоначалникот на Општина Гевгелија ( г-дин Иван Франгов )