Обука за модернизација на системот за средно стручно образование


Во рамките на тековните активности за реформи на средното стручно образование, проектот “Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системите за средно стручно образование и образованието на возрасните“, финансиран од Европската Унија, продолжи со спроведување на предвидените активности за учење на учениците и оценување, за наставниот кадар на средните стручни училишта.

За таа цел, девет професори од средното стручно образование кои предаваат општи образовни предмети и стручни предмети во СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија беа на обука за наставниот кадар од средните стручни училишта на РМ за областа учење и оценување.

Обуката се одржи од претставници од  Министерството за образование и наука и Британскиот совет во временскиот период од 16-ти до 19-ти август во хотел Дрим.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Средношколци од Гевгелија го освоија врвот на ДМЈЛ со три литературни награди

Средношколката Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија освои ПРВА награда на конкурсот за …