Покрај доделените 700.000 евра за бегалската криза, од Унгарија наскоро нова парична помош и новконтингент поициски сили


 Гевгелија стана надалеку позната последниве месеци поради бегалците, но,Гевгелија има многу други предности, кои придонесуваат за нејзиниот европски бренд, рече унгарскиот амбасадор во нашата земја д-р Јожев Бенце на денешната бизнис средба со стопанствениците од југот на земјата, која се оддржа во Гевгелија.

Притоа, унгарскиот амбасадор оценувајќи ја соработката меѓу Македонија и Унгарија како многу успешна, нагласи дека во изминатиов период Унгарија најмногу ја поддржа Македонија во справувањето со бегалската криза. -Покрај полицискиот контингент, кој им помага на македонските полицајциу, а чија порва мисија заврши и на почетокот од март пристига нов контингент, Унгарија најмногу ја поддржа Македонија и со материјална помош.

Првата транша од 700.000 евра помош беќе е испорачана, а следува веќе втората. Покрај ова настојуваме да ја збогатиме и економската соработка, така што минатата година забележавме зголемена македонско-унгарска економска соработка за 14%. И тоа, како резултат на успешната реализација на потпишаниот договор за економска соработка меѓу двете земји и успешното функционирање на Мешовитата македонско-унгарска комисија пред три години и формираната Унгарска национална трговска куќа вои Македонија, рече Бенце.

Притоа, оцени дека Гевгелија располага со стратешки погодности и капацитети, кои можат да придонесат за унапредување на соработката меѓу двете земји. Ваквите погодности ги објасни градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, констатирајќи дека Гевгелија има значајна геостратегиска положб, која во моментот е искористена од страна на бегалците, но која придонесува за развојот на раноградинарското производство, винарството, лесната индустрија се се разбира, туризмот, пред се, казино туризмот. Ако се има предвид колоната од илјадници унгарски туристи, кои се кое лето оттука транзитираат на пат кон Егејското море, тогаш можностите за соработка се повеќе од очигледни. На бизнис средбата стана збор и за конкретните форми на соработка, чии бенефити ќе се видат во иднина.

*Извор на информација: веб-сајт на Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …