Почетокот на пролетниот дел во ВМФЛ закажан за вторник


Стартот на пролетниот дел од првенството во втората македонска лига Исток, натпреварувачката комисија при ФФМ поради временските прилики наместо во сабота го презакажа за вторник на 06.03.2018 со почеток во 14.00 часот.Екипата на ФК Кожуф како домаќин на Градскиот стадион ја пречекува екипата на ФК Каменица Саса од Македонска каменица.

Меѓусебниот дуел во есенскиот дел против Саса во Македонска каменица ФК Кожуф го доби со 3-1.Во разговор со шефот на стручниот штаб ни беше пренесено дека сите играчи се на располагање и со нестрпливост го очекуваат стартот на пролетната полуетапа.

Се надеваме на добри временски услови и се разбира на полн стадион во вторник беа завршните зборови на Беќаров.

Извор: ФК Кожуф

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Панкс Бекјард Ултра по трет пат во Гевгелија

На патеката во Негорски Бањи кај Гевгелија во сабота 25 октомври ќе се одржи третата …