Со нова, односно прва официјална промоција на нивната композиција ја започнуваат нивната промотивна турнеја низ цела Македонија која е свежина за музичката естрада.Уште едно квалитетно име на македонската музичка сцена овојпат доаѓа од Гевгелија.

Младите Теодора и Глигор Гошеви го направија новиот бенд „The G Notes“ и нивната прва песна „As the time goes by“.Музиката која ја творат е авторска, а во аранжманот им помогна и Ѓорги Вацев. Видеото за нивната прва песна го сними Дарио Коциров и Банго продукцијата.
Во неа како специјален гостин на виолина се појавува Атанас Стојанов. Воедно, сите нивни новини следете ги на нивната официјална фан страна.