Прием на ученици првенци на генерацијата


радоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов денеска  приреди свечен прием за најдобрите ученици меѓу добрите, на првенците на генерација од основните училишта од територијата на општина Гевгелија.

Како и секоја година и оваа сите тие  добија парична награда во вредност од 5.000 денари. Оваа учебна 2015/16 година првенци на генерацијата се: од училиштето Крсте Мисирков Анета Велкова, од училиштето Ристо Шуклев од Негорци Александра Атанасова, од училиштето Климент Охридски од Миравци Кристијан Миторов и од училиштето Владо Кантарџиев Александар Тодов. Честитајќи им го успехот во деветгодишното школување, градоначалникот им посака среќа и успех и во средното училиште, и во иднина да учат и да се стекнуваат со нови знаења бидејќи, како што им рече, никој не може да ви го земе вашето знаење. Учениците првенци се добитници и на многу награди од учество на натпревари добиени во текот на нивното основно образование. Наградените ученици се заблагодарија на градоначалникот за неговиот прием и добиената парична награда и го информираа за тоа каде ќе го продолжат своето образование.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Средношколци од Гевгелија го освоија врвот на ДМЈЛ со три литературни награди

Средношколката Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија освои ПРВА награда на конкурсот за …