Регулаторна реагира на поплаките на граѓаните за високите сметки за струја

АКО ПРВПАТ СТЕ ВО БЛОК 4, ЕВН МОРА ДА ЈА КОРЕГИРА ГРЕШКАТА !!
Регулаторната комисија со препорака до граѓаните кои добија високи декемвриски сметки за струја, но и апел до ЕВН Хоум да ги корегира грешките.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информира дека сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и првпат им е фактурирана потрошувачка во четвртиот блок, имаат право на корекција. ЕВН Хоме е должен да направи соодветна распределба по блокови, врз основа на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди.

Од РКЕ појаснуваат дека потрошувачите кои не се согласуваат со пресметката на сметката имаат право да поднесат приговор до универзалниот снабдувач. Доколку не добијат одговор во законскиот рок од осум дена или одговорот не е задоволителен, можат да поднесат приговор и до РКЕ како второстепен орган.

„Приговорот до РКЕ може да се достави во архивата на Комисијата или електронски на е-маил адресите erc@erc.org.mk и potrosuvaci@erc.org.mk. Во прилог потребно е да се достават копија од вложениот приговор до ЕВН Хоме, нивниот одговор и копија од сметката по која се приговара“, се вели во соопштението на РКЕ.

Извор: Плус Инфо

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …