Самостојна изложба на Новица Трајковски Убава е Македонија oд циклусот Божествена љубов


Во организација на Пионерскиот Дом Гевгелија, во петокот, 6ти октомври 2017 година беше отворена изложба на Новица Трајковски во ликовниот салон Аполонија во Гевгелија.

Визуелниот јазик на Трајковски шепоти, мечтае, раскажува за убавините на Македонија. Со овој свој опус воодушевува со фините пастелни претопувања, доживеани низ лирските пејсажи. Вистинско патување низ необјатните станици на универзумот кое ги отвора портите на Убавината.Онаа возвишена убавина, безвременска… А времето, времето немо вибрира пред замрзнатите мигови од неговите портрети, кои најчесто се на негови пријатели.

Првото претставување на Новица Трајковски во Гевгелија е синхрон од пејсажи и портрети. Новица Трајковски е роден на 21 Декември 1962 година во Белимбегово (сегашно Илинден). Факултет за ликовна уметност има завршено во Скопје во 1988 година во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Самостојни изложби има остварено над 50 и многу групни изложби. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Живее и работи како слободен уметник во родното Илинден.

Љубителите на ликовната уметност ќе можат да ја посетат изложбата во наредните две недели.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …