Со овации проследен настапот на хорот „Гортинија“ во Солун


Хорот Гортинија, како претставник од Македонија, учествуваше на еден од најнеобичните и ретки фестивали на хорска музика на тема „Мјузикли“, што се одржа изминатиов викенд во Солун, во амфитеатарот на остатоците од староримскиот музеј во центарот на градот.

Гевгелискиот хор на оваа реномираната меѓународна хорска смотра во Солун се претстави со делови од мјузиклот „Мама миа“ и предизвика вистински овации кај публиката. Хорот и програмата беа одлично прифатени и од стручната критика, кои го признаа хорот како сериозен музички ансамбл, кој поддеднакво добро се снаоѓа во сите репертоари и музички стилови.

Инаку, хорот „Гортинија“ присуствуваше и на свеченото отварање на фестивалот,  каде што сите хорови се претставија со посебни композиции. Атрактивен настан каде во кратко време можеше да се чујат и почуствуваат различни култури од сите страни на светот. Имено, на фестивалот настапија хорови од Франција, Шведска, Украина, Бугарија, Грција, Турција, Јордан, Израел, БиХ, Хрватска и се разбира, Македонија. Манифестацијата ја следеа и претставници на Македонскиот конзулат во Солун.

Домаќин и организатор нна овој фестивал беше грчкиот хор „Кораис“ од Солун, кој по повод 20 годишниот јубилеј на хорот „Гортинија“ пред два месеви гостуваше во Гевгелија. Членовите на овој афирмиран академски хор од Солун, кои творат веќе 25 години, во Гевгелија се претставија со инсерти од балетот „Зорбас“, под диригентската палка на Елеонора Калаитсиду и во пијано придружба на Јанис Филипопулитис. Како резултат на ваквата соработка, уследи и учеството на „Гортинија“ на меѓународниот фестивал на хорови во Солун, а во иднина ќе продолжи о со заеднички проекти.

„Особено големо задоволство претставува фактот дека уметноста – музиката, повторно се покажува како единствена, а во актуелните односи, и последна преостаната форма на потесна, искрена, непосредна и срдечна соработка меѓу двата народи. Особено, во услови кога тие односи меѓу двете држави се крајно комплицирани и специфични. Не можете ни да замислите на се што двата хора мораа да внимават за да не случајно им дадат причина на разно-разните „душегрижници“ и познати „ловци на грешки“ за растурање на ваквите убави настани. А, сите знаеме дека ова се настани кои многу подлабоко решаваат „проблеми“.

Уште повеќе, еве од порано ќе откријам и најавам еден проект, кој двата хора „Кораис“ и „Гортинија“ планираат да го реализираат како заеднички концерт-мјузикл, паралелно во неколку градови во Македонија и Грција.“, изјави по фестивалот диригентот на хорот „Гортинија“ Илија Атанасов.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …