Утре 10 јули, 2018 год., во 20:30 ч., во Музејот на современа уметност во Скопје, ќе биде отворена изложба ТИ СИ МОБИЛНА АРХИТЕКТУРА на гевгеличанката Ирена Пејовиќ, која живее и твори во Америка.
Станува збор за мултисензорен настан кој кореографира движења преку комбинирање облека, модуларни форми, предлози, како што се: фотографскиот објект и звукот како место, материјалноста како настан, техниките на организација во природата и организација на луѓето, и она што се појавува.
-ТИ СИ МОБИЛНА АРХИТЕКТУРА e тековно истражување низ средините на движење. Делото е мобилно, затоа, значењето треба да биде во мобилноста. За време на летото 2015 година отпатував на островите Милос и Санторини во Грција со мислата за кореографија во природата [специфично островите: водата се движи – карпите поделуваат], улогата на временските појави и подредувањето во природата, како начин на градење. Тука наидов на нова агенција во средините на движење: силен ветар, вели Пејовиќ.
Изложбата е под покровителство на Министерството за култура, а со поддршка на општина Гевгелија и ќе трае осум дена.
Извор: Општина Гевгелија