Усвоен развојниот план на капитални проекти во Општина Гевгелија


Во планот всушност се опфатени сите поголеми проекти кои општина Гевгелија ги реализира или ќе започне со реализација во наредниот период. Новоизбраната локална власт во општина Гевгелија, како што нагласи и градоначалникот на општината Сашо Поцков, кој всушност беше и предлагач на развојниот план, ќе продолжи со реализацијата на веќе започнатите проекти.

Станува збор за новиот водоснабдителен систем во Гевгелија, довршување и примопредавање на новиот Градски пазар, доизградба на новите 14 училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“, последната фаза од регулацијата на одводниот канал „Рауљ“, регулација на дел од коритото на Сува река, Пречистителната станица за фекална канализација во Гевгелија и довршување на примарната и секундарната сообраќајна мрежа во мултинаменскиот комплекс „Милци“.

Покрај ова, приоритет во општина Гевгелија во наредниот период ќе биде изградбата на нова детска градинка во Гевгелија, гасификацијата на општината,  изградбата на катна гаража, уредување на нов градски парк, отворање на Мултимедијален културен центар и доизградба на Спортско-рекреативниот комлекс со базен, кај поранешна Касарна.

Исто така, во наредната година Гевгелија треба да добие нов градски плоштад, стационар за бездомни животни, а се предвидува и изградба на заобиколен пат околу Гевгелија со спојување на Западниот и Јужниот булевар, проширување на атмосферската канализациона мрежа, како и замена на азбестните цевки во водоводната мрежа во Гевгелија и во населените места.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …