Шлепер со флаширана вода за пиење како донација на општина Гевгелија за населението од поплавените подрачја


Претпладнево од Гевгелија за Скопје тргна шлепер со флаширана вода за пиење како помош од општина Гевгелија,  како и од донациите на  компаниите од општината.

По препораките од Црвениот крст на Македонија оваа помош ќе биде предадена во магацините на Црвениот крст во Момин поток. Имено, првиот ден по катастрофалните поплави во скопско-тетовскиот регион, општина Гевгелија во дворот на Територијалната противпожарна единица  отвори хуманитарен пункт за собирање флаширана вода за пиење и хигиенски средства како  помош на граѓаните од поплавените подрачја од скопско-тетовскиот регион. Пунктот се наоѓа во дворот на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија на улица 7 ноември.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …