Ѓура Мара во с.Миравци


Традиционалната манифестација Ѓура Мара, која се одржува на третиот ден од Велигден, денес свечено ќе биде одбележана и оваа година во Миравци.Одбележувањето на легендата за Ѓура Мара, традиционално започнува со настап на КУД „Танец“. Пред бројната публика од Миравци и скоро целата општина, фолклористите од Миравци најпрво  ќе го изведат  орото „Свадба“, а веднаш потоа ќе се прочита  легендата за Ѓура Мара. По ова следува традиционалното оро Ѓура Мара, а во изведба на целата програма ќе учествуваат 40 членови на КУД „Танец“ од Миравци, кое е организатор на манифестацијата, како и 20-ина постари миравчанки, кои облечени во носии ги демонстрираат случувањата околу оваа народна легенда.

Како гости на манифестацијата ќе настапат КУД „Пријатељи„ од Јабланица, како и ансамблот „Бојмија„ од Гевгелија. Имено, според легендата,орото Ѓура Мара го играат постарите жени од селото, играјќи во круг. Во внатрешноста на кругот игра млада девојка која ја симболизира убавата Мара. Околу кругот, млади играорци облечении во турски носии, се обидуваат да влезат во кругот, но се бркани од старите жени со стапови. Инспирација за орото е легендата за убавата мома Мара, која била грабната од еден турски паша за неговиот харем, и за херојскиот обид на нејзиниот брат Ѓуро, кој се обидел да ја спаси.

*Извор на вест: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …