Акција на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот од Гевгелија


Безбедноста на децата во сообраќајот е приоритет на РСБСП за што потврдува и фактот дека РСБСП континуирано се ангажира за едукација на децата за безбедноста во сообраќајот но и   едукација на возрасните, родителите, старателите.

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот од Гевгелија во содејство на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата , Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи во наредниот период, во времето од октомври до крајот на декември  ќе  спроведат низа активности во детските градинки, основни и средни училишта во Гевгелија, преку кои  ќе се обиде да се доближи до остварување на зацртаните цели, а тие се намалување на бројот на настрадани деца во сообраќајни незгоди и заштита на децата во сообраќајот преку нивна едукација и едукација на нивните родители за побезбедно учество во сообраќајот.

По тој повод денес, во централното градско подрачје, се спроведе акција на делење флаери на возачите, учесниците во сообраќајот, од страна на ученици од основните училишта Крсте Мисирков и Владо Кантарџиев  заедно со униформираните лица од полициската станица во гевгелија. Во наредниот период ОСБСП,од Гевгелија заедно со основните училишта ќе спроведе и квиз натпревари со кои ќе се провери колку младите ги познаваат сообраќајните знаци и правила. Сите деца на светот заслужуваат да добијат шанса да пораснат и да бидат она за што тие сонуваат. За да им се исполнат соништата сѐ што треба да им обезбедиме е среќно, безгрижно и безбедно детство. Ние, возрасните, секојдневно се обидуваме на секој можен начин да ги заштитиме нашите деца од опасностите кои ги демнат (од струја, да не паднат,  да не се повредат, да не се изгорат, да не се разболат…), а една од најголемите опасности и еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваат нашите деца секојдневно и од кој најмногу треба да сме исплашени и да се потрудиме да ги заштитиме е сообраќајот. Безбедното учество во сообраќајот е предизвик со кој се соочува секое  дете, а соочувањето со овој предизвик се учи од најмала детска возраст. Согласно  светските статистики, голем дел  од настраданите во сообрајќајни незгоди се деца, а уште повознемирувачки е фактот дека  54% од настраданите пешаци се исто така  деца. Зачувување на безбедноста на децата во сообраќајот е глобален проблем кој директно не засега сите нас.

И Во Македонија, најмногу страдаат децата пешаци и децата-патници кои се превезуваат во автомобил, а при тоа не се заштитени со сигурносен појас или не се уредно сместени во детското седиште. Со цел да се намалат овие застрашувачки бројки а имајки ги во предвид изнесените факти, РСБСП потенцира  и потсетува  дека постојат  многу инструменти, методи и начини  кои се дозволени и  се достапни на сите , а кои служат да ги спасат невините детски животи. Еден од најважните начини кој воедно има и најголема и најважна улога во развојот и во заштитата на детето од опасностите со кои може да се соочи на улиците е соодветното сообраќајно образование (како да се однесуваат во сообраќајот, кои се нивни права, а кои обврски, кои се сообраќајните знаци, како се поминува на пешачки премини…). Едукацијата за сообраќајот започнува од најрана возраст, според истражувањата од 2 годишна возраст, почнувајќи уште во предучилишните групи во градинките, а потоа и во училиштата.

Второто инструмент, начин,  кој е наменет за возрасните, а ги штити децата е воведување построги закони и казни за непочитување на правилата и прописите во сообраќајот. Безбедноста на децата во сообраќајот е приоритет на РСБСП за што потврдува и фактот дека РСБСП континуирано се ангажира за едукација на децата за безбедноста во сообраќајот но и   едукација на возрасните, родителите, старателите. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во наредниот период, преку низа активности кои ќе бидат спроведени во сите основни и средни училишта низ републикава, ќе продолжи да ги реализира започнатите активности и преку нив да се доближи до остварување на зацртаните цели, а тие се намалување на бројот на настрадани деца во сообраќајни незгоди и заштита на децата во сообраќајот преку нивна едукација и едукација на нивните родители за побезбедно учество во сообраќајот.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …