Асфалтиран патот од влезот во с.Прдејци до мостот на Кованска река


Патот од влезот на Прдејци до мостот на Кованска река е асфалтиран. Со овој зафат всушност е решен еден од најголемите проблеми за стопанските капацитети на влезот од Прдејци. Имено, приодниот и неуреден пат предизвикуваше бројни проблеми за патничките возила и камиони кои оттука минуваат.

Токму и затоа, Агенцијата за државни патишта, во чија надлежност се наоѓа и уредувањето на приклучните сообраќајници на магистралниот пат, започна со уредувањето на патот. Со асфалтирањето целосно е завршен овој зафат.

*Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …