Баскерфест 2015 ги раздвижи Гевгеличани


Jубилејниот десетти Баскерфест 2015  започнa на 12 јуни, а ќе трае се до 13 јули, односно точно еден месец.Покрај Скопје, Баскерфест  се одржува и низ поголемиот дел градови во Македонија. Секој град барем неколку денa ќе има можност да ја доживее магијата на уличната уметност. По трет пат  фестивалот Баскерфест дојде  во Гевгелија.

На 12 и 13 јуни, во петокот и саботата  жонглери, брејкденсери, музичари, одење  по жица, перформанс со оган и уште многу интересни баскери настапија на  градскиот плоштад во Гевгелија. Многубројните посетители од Гевгелија и од другите општини  уживаа во баскер изведувачите од целиот свет.

Во петок, 12 јуни  настапија Спинус, Тико фонтамико, Кристијан, Деспарахо клаун, Гиларн дел Диаволо, Паркур, Диого, Дево и Антонио Лабела а во сабота, 13 јуни гевгеличани  го проследоа  настапот на Софи, Коцани магиа, Виктор, Цеци Реци, Кингс Кру денс, Мартин Мелински, Немања, Голден бранч, Мистер Мусташо и Тамара Серано.  Време беше тоа за радост и на големите а особено на младите гевгеличани, време беше тоа на уличната уметност.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …