На 12 и 13 јуни 2017 година, во понеделник и вторник, во Гевгелија гостува фестивалот Баскерфест. На шеталиштето, на неколку локации од 19:00 до 23:00 часот ќе настапат повеќе учесници на овој меѓународен фестивал од целиот свет.
Поточно, интересни артисти како Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хозе Енрикес и многу дуги. Во 2006 година, Македонија стана прва земја на Балканот со ваков вид фестивал, а оттогаш 12 години по ред светски артисти настапуваат во Гевгелија и во другите градови на Македонија.
Годинава, фестивалот ќе има уникатен концепт, па, така настапот во Гевгелија ќе биде исполнет со мултикултурни настани и атракции под отворено небо, како и забава за сите генерации.
Извор: Општина Гевгелија