Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска, заедно со претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите Драги Аргировски и градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов посети група корисници на пензија коишто се дел од проектот „Бесплатна бањска климатска рекреација“ во Негорски Бањи.
Со него досега се опфатени над 36.200 пензионери а за оваа година планот е да се опфатат до 5.500 пензионери. Аргировски рече дека се уште се шират дезинформации и лаги дека на семејството на оние пензионери кои одат на бањска рекреација, по нивната смрт им одземале 15.000 денари од средствата за погребнина.
Тоа е чиста глупост, бидејќи тоа се два различни извори на финансирање. За погребнина тоа се чисти средства на пензионерите и на посебна сметка во Народна банка а за проектот пак е обезбедено буџетско финансирање.
