Браната конско станува реалност


Веќе два месеци се извршуваат градежни работи од проектот „Конска брана“. Изведувач е турскиот конзорциум SERKA TAAHHUT INSAAT A.S. / AK-ELI INSAAT TICARET LTD.STI, а надзор при изведбата на работите е Градежен Институт МАКЕДОНИЈА – Скопје (ГИМ). Во моментот се вршат подготвителни работи: населба за работниците, чистење на теренот, сечење на дрвја и вадење на корења.

Ќе биде изградена брана со акумулација со која ќе се овозможи водоснабдување на Општина Гевгелија и ќе се обезбеди можност за гравитационо наводнување на околу 8.000 ха површини земјоделско земјиште кои сега се наводнуваат со пумпање. Со реализацијата на овој проект дополнително ќе се создадат услови за обезбедување нови количини вода за подобрување на хидролошката состојба на Дојранското Езеро.

Реализацијата на овој проект претставува исполнување на една дамнешна желба и барање на граѓаните на општината уште од далечната 1978 година. Проект многупати одложуван, забораван, заобиколуван, а сега од Владата на ВМРО ДПМНЕ конечно и реализиран проект, проект наменет за доброто на граѓаните од нашата општина.

Браната Конско, која ќе биде мултинаменска, ќе служи за водоснабдување, наводнување, дотур на вода по природен пад до Дојранското езеро, како и развој на локалната туристичка понуда и се очекува да заврши пред крајот на 2019 година. Планираната вредност на инвестицијата е 39,71 милион евра.

https://www.facebook.com/itgevgelija/videos/2019782264902713/?autoplay_reason=all_page_organic_allowed&video_container_type=0&video_creator_product_type=2&app_id=2392950137&live_video_guests=0

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …