Во недела, на 2 декември 2018 година, Гевгелија ќе биде домаќин на кошаркарскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово од претквалификационото коло за европското првенство 2021 година.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „26 април“, со почеток од 17 часот и 45 минути.
Цената на билетот изнесува 100 денари, а продажбата на билетите ќе биде во спортската сала, од денес до сабота. Сите заинтересирани при купување на билети треба со себе да понесат и лична карта.
Влезот во спортската сала во недела ќе биде отворен од 16:00 часот, додека вратите се затвараат во 17:15 часот.
Доколку носите метални, дрвени или било какви предмети кои би ја загрозиле безбедноста на натпреварот ќе бидат одстранети.
Организаторот ги известува навивачите дека ако со себе носат метални, дрвени или било какви предмети кои би ја загрозиле безбедноста на натпреварот, ќе бидат отстранети.
Извор: Општина Гевгелија