Ситуацијата пред и во Прифатниот транзитен центар за мигранти „Винојуг“ е мирна и скоро непроменета.
Последниве денови, особено, преку викендот беше намален и бројот на мигранти кои илегално се обидуваат во нашата земја, а се спречени од македонската и полицијата од европските земји, кои ја контролираат македонската граница кон Грција.
Според евиденцијата на Граничната полиција моментно во ПТЦима 127мигранти. Оваа бројка се менува во зависност од мигрантите кои нелегално се обидуваат да влезат во нашата земја.
Според информацијата на ИОМ, во изминатите 24 часаима евидентирано 1 мажод Франција и 1 од Алжир, кои нелегално влегле во Р. Македонија. Во споредба со претходните денови оваа бројка е незначителна имајќи предвид дека беа евидентирани многу повеќе нелегални преминувања на границата од страна на мигрантите.
Извор: Општина Гевгелија