Гевгелиските пензионери настапија во Кавадарци


Пеачката хрупа на Здружението на пензионери од Гевгелија настапи на традиционалната манифестација „Пензионерите пеат“ во Кавадарци.

На оваа манифестација, што ја организира Здружението на пензионери од Кавадарци, околу 200 учесници од девет пензионерски здруженија од Повардарскиот и Пелагонскиот регион.

Освен пејачката група од здружението на пензионери од Гевгелија, на оваа манифестација настапија и пеачки групи од здруженијата од Битола, Прилеп, Велес, Неготино, Демир Капија, Богданци и Кавадарци. На манифестацијата која има ревијален карактер, традиционално се исполнуваат роднокрајни староградски и изворни македонски народни песни.

Ваквите средби се убава можност лицата од третото доба да се дружат, да си разменат искуства и  да покажат дека и пензионерскиот живот може да биде убав и исполнет со музика.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …