Гевгелија со големо НЕ за рудниците на Кожуф


На референдумскот прашање „Дали сте за отворање на рудници за металични минерални суровини на планината Кожуф“ 13097 граѓани  гласале против, 154 за отворање на рудници и 133 ливчиња се неважечки, соопшти Митко Дојчинов, член на општинската изборна комисија.

Гласањето поминало мирно и без проблеми. Гевгеличани убавото сончево време денес го искористија да го дадат својот глас за иднината на своите деца и потомци. Не се забележани никакви нарушувања на редот и мирот во сите избирачки места.

Инаку одржувањето на Референдумот е иницирано од здружението „Спас за нас“, а одлука за негово спроведување е донесена од страна на Советот на Општина Гевгелија.

Изрзувањето на волјата на граѓаните е јасна порака дека регионот, а пред сè планината Кожуф треба да остане недопрена останувајќи еколошка чиста и здрава.

 

Извор : Објектив

 

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …