Годинава ќе продолжи пробивањето на Западниот булевар заради обезбедувањето на заобиколница на градот Гевгелија и отстранување на тешките товарни возила надвор од урбаната средина.
Пред две години беше изграден првиот дел од „Продолжување на Булевар Гевгелија“ – со должина од 462 метри, како и негово целосно урбано уредување, како и уредување на кружен тек. Меѓутоа, за целосна изградба на булеварот и неговото пробивање до Динќут неопходна е изградба на преостанатите 1.232 метри. За таа цел во тек е изработката ма проектна документација за реализација на овој зафат.