Ден на млади 2015


Со овој настан Гевгелија втор пат по ред се најде на интернационалната мапа со активностите кои се организираат на 12-ти август во светот.

Вчера во попладневните часови, во центарот на градот, на платото пред Народен Театар во Гевгелија младите гевгеличани, цртаа, свиреа, играа, разменуваа книги и се дружеа оживувајќи ја овогодинешната тема на Обединетите Нации – Вклучување на младите во општеството, односно да поттикната промени со насмевка.

Ден на млади 2015 беше организиран од ЗЕДМ Сложувалка, Фондација Аполонија и Регионалниот центар за одржлив развој и поддршка на НВО од Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …