Започна уредувањето на улицата која води кон Затворот и Топлик, една од најголемите сообраќајници во северозападниот дел на градот.
Во првата фаза ќе биде поставен долен строј и ивичњаци на оваа сообраќајница. Изведувач на работите е градежната фирма „Форма“, согласно добиениот тендер за реконструкција на улици.