Донација на возило на ЈПКД „Комуналец“ од страна на УНДП


УНДП денеска ќе донира возило за превоз на комунални работници и опрема на општина Гевгелија за потребите околу бегалската криза. Донацијата, како краткорочна помош, уследи по разговорите на градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов со постојаниот претставник на УНДП во нашата земја Луиза Винтон, а во врска со вклученоста на општина Гевгелија во справувањето со бегалската криза.

Притоа, како приоритетни беа посочени потребите од недостигот на механизација за оддржување на комуналната хигиена, како во Привремениот транзитен центар, така и во градот Гевгелија. Набавеното возило е од марката Фиат-Дукато, во вредност од 1,1 милион денари, а ќе служи за превоз на материјали, опрема и лица, кои ќе вклучени во одржувањето на комуналната хигиена.

Примопредавањето на донираното возило ќе се случи денес за време нна посетата на постојаната претставничка на УНДП во нашата земја, амбасадорката Луиза Винтон.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …