Европска недела на мобилност 2016


Општина Гевгелија, традиционално, и оваа година се вклучува во одбележувањето на  Европската недела на мобилноста 2016. Годинава тема на Европската недела на мобилност е „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“.

 Општината ќе ја реализира Европската недела на мобилност 2016 во соработка со  Министерството за животна средина и просторно планирање и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот. Во овие седум дена  се одржуваат  активности и проекти што се поврзани со одржливата мобилност и сеиспрќат пораки за користење на алтернативните видови транспорт.

Така, во основните училишта  се одржуваат кратки предавања  на класните часови, на теми како што се  Биди умен и кога возиш и кога шеташ, Велосипедот неразделен придружник и Градот без автомобили. Полициската станица од Гевгелија од денес, понеделник, 19 септември, ќе почне со воспитната акција меѓу првооделенците од училиштата во општината за нивно безбедно  движење во сообраќајот на нивниот пат од домовите до училиштата.

Традиционално, Европската недела на мобилноста 2016 ќе заврши на 22 Септември,четврток, на Денот без автомобили, во 12 часот со  велосипедско дефиле што ќе се вози низ  улиците на Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …