Вработените во ТППЕ-Гевгелија продолжуваат со едукативните активности меѓу населението во општина Гевгелија. Овојпат со Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникарите реализираа теоретска и практична настава за учениците во ООУ„Климент Охридски“ во Миравци.
Во едукативната вежба зедоа активно учество наставниците и учениците од 7, 8 и 9 одделение. Притоа, тие беа запознаени со практичната употреба на ПП апаратите, но и со директно гасење на контролиран оган.
Вакви едукативни вежби веќе беа организирани во гевгелиските училишта, како и во повеќе стопански капацитети.
Извор: Општина Гевгелија